Категории

Македонскиот документарец „Медена земја“ победи во Тел Авив и се квалификуваше за Оскар

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котеска победи на 21. Интернационален фестивал на документарен филм ДокАвив во Тел Авив, Израел, кој се одржува неделава и се квалификува во трка за Оскар. Според правилата на американската Академија за филмска уметност и наука, „Медена земја“ го исполнува едниот од двата услова за директна кандидатура, а тоа е да победи на еден од фестивалите кои се на квалификационата листа на Академијата. Докавив е еден од тие фестивали.

Филмот на 3 февруари освои три награди на фестивалот Санденс во САД, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов, како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.

Освен победата во Тел Авив, „Медена земја“ изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк. Филмот освои четири награди на фестивалот Документарци против гравитација во Полска. Меѓу другото, документарецот доби Гран при и парична награда на фестивалот. Минатиот викенд тимот на „Медена земја“ ја прими главната награда на фестивалот за документарни филмови „Докс Барселона“ во Шпанија.

„Медена земја“ е за фасцинантниот живот на Атиџе, последната пчеларка што одгледува диви пчели во Европа, која живеела сама со мајка си во во напуштеното cело Бекирлија во jугозападнo Овче Поле. Мудрата порака на Атиџе: „Земи половина од медот, но остави ја другата половина за пчелите“ е во срцевината на актуелната донаторска кампања.

Извор: СДК.МК