Категории

МАКЕДОНСКИОТ ГЕЈМЕР МАРТИН САЗДОВ ВО ТОП ТРИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР ДОТА 2

Младиот гејмер Мартин Саздов, или попознат како Saksa, со својот тим Digital Chaos се пласираа во топ три на Интернационалниот турнир за Дота 2, кој се одржува во Сиетл, САД. Тие денес ќе се борат за финале со минатогодишниот победник, тимот Evil Geniuses од САД.

Дота 2 е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи. Најдобрите тимови од сите континенти најпрво играа на континентални квалификации, па потоа се натреваруваа со победниците од останатите континенти.

Младиот Саздов од Свети Николе е всушност првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир, а веќе се најде меѓу првите три.

Главната награда изнесува девет милиони долари, а Саздов заедно со тимот засега освоија над два милиони долари.

Прегледи:
410
Објавено на:
13.08.2016