Категории

Македонскиот пејач Филип Пешевски ја промовираше својата нова песна „Без оглед на сѐ“

Младиот македонски изведувач Филип Пешевски имаше промоција на новиот видео спот за песната „Без оглед на сè“. Уште на прво слушање може да се забележи дека станува збор за нов летен хит.

„Драги мои “БЕЗ ОГЛЕД НА СЕ” ви ја подарувам мојата нова песна и видео, која што се надевам ќе биде хит ова лето. Ви благодарам за целата поддршката што ми ја давате,само тоа ми дава храброст да продолжам да творам понатака. Уживајте се надевам ќе ви се допадне!“, напиша тој на својата официјална страница.