Категории

Македонскиот пејач Ристе Ристески е победник на овогодинешното издание на „Ѕвездите на Гранд“

Нашиот Ристе Ристески е победник во најголемото музичко шоу на Балканот

Со оsвоени 76.226 гласови, Ристески беше убедлив победник според изборот на публиката, пред конкурентот Армин Дедиќ, кој освои околу 66.000 гласови.

Победник според жирито беше Алекса Перовиќ, пред Армин Дедиќ и Ристе Ристески.

Ристе се претстави со песните „Во љубов вера немам“ од Оливер Драгоевиќ и Џибони, а потоа „забрза“ со „По тебе“ од Тоше Проески.

Ристе за победата добива автомобил, победничка статуа и две песни за почеток на неговата музичка кариера.

Прегледи:
524
Објавено на:
29.06.2017