Малата македонска ѕвездичка Мартија Станојковиќ го воодушеви регионот со своите импресивни вокални интерпретации кои кај многумина придизвикаа солзи. Јавноста ја запозна преку музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде стигна со самото финале, а по завршетокот на оваа нејзина музичка авантура интересите за Мартија на стивнуваат.
За време на шоуто таа стекна голем број обожаватели, па ја искористи приликата да посети дел од нив и да ги израдува со подароци.
Слатката и талентирана Мартија неодамна го посети едно училиште за дечиња со посебни потреби кои освен со посетата ги изненади и со подароци.
Мартија уште еднаш докажа дека има големо срце така што во знак на внимание ги израдува дечињата кои токму поради неа имаа поубав ден.
фото: Фејсбук
Оваа вест не ја пропуштија ниту медиумите во соседството, а исто така редовно се пишува и за претстојниот настап на Мартија на детската Евровизија.
Секоја чест за оваа наша мала ѕвездичка!
Извор: Вистина.мк