Категории

Мала лекција од Паоло Коелјо против стресот: Како да воспоставите контрола над својот живот?

Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да отфрлиме друга.

„Вие сте единствената среќна личност која ја познавам“, му рекол еден човек на Влијам Џејмс, американскиот филозоф и психолог.

„Секогаш имате насмевка на лицето, дури и кога се соочувате со потешкотии.“

„Не се смеам затоа што сум среќен“, одговорил Џејмс. „Јас сум среќен затоа што секогаш сум насмеан.“

Кратката приказна која Паоло Коелјо ја објавил на својот блог, ни ја претставува најкратко познатата „филозофија на среќата“ која укажува на тоа дека всушност среќата не мотивира, па дури и претставува клуч на човековата еволуција.

Цитатите на Вилијам Џејмс претставуваат силна мотивација во преземањето на контролата над сопствениот живот, а за вас одвоивме 10 од нив.

1. Песимизмот го води слабоста, оптимизмот ни дава моќ.

2. Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да отфрлиме друга.

4. Однесувајте се како вашето однесување да може да промени сѐ. Бидејќи може.

5. Здравиот разум е исто што и смислата за хумор, само што се движат со различна брзина. Смислата за хумор е всушност здрав разум, само разигран.

6. Најголемото откритие на мојата генерација е дека човечкото суштество може да го измени својот живот менувајќи го своето однесување.

7. Бидете подготвени да прифаќате. Прифаќањето на она што се случило е првиот чекор во надминувањето на последиците во било каква несреќа.

8. Правете секој ден по една работа која со задоволство би ја избегнале. Благодарение на тоа, ќе бидете спремни да го поднесете притисокот кога ќе се укаже неопходна потреба да направите нешто слично.

9. Токму нашиот однос на самиот почеток на тешката задача го одредува повеќе од било што успешниот исход.

10. Умешноста на мудроста се сведува на умешен избор на она што треба да се предвиди.