Категории

Малечки навики кои ќе ви го променат животот кон подобро

Сите сакаме позитивна промена, но често првите чекори до неа знаат да се тешки. Еве неколку едноставни мали навики кои ќе ви го променат животот кон подобро.

Местете си го креветот секое утро. 

Уште на самиот почеток на денот ќе се чувствувате како да сте постигнале нешто продуктивно, а на крајот на денот, дури и да сте имале катастрофално лош ден, барем ќе се вратите во наместен кревет.

Поминете време во самотија

Поминете барем половина час од денот апсолутно сами, без други луѓе, без ТВ и социјални медиуми и дистрактори, само  сами со своите мисли. На почеток може да ви звучи страшно, но подоцна ќе се навикнете и ќе почнете да уживате во самотијата.

Движете се барем 30 минути во денот

Правете куси прошетки барем 30 минути во денот. Така се размрдува телото и се прочистуваат мислите.

Постигнувајте малечки цели во текот на целиот ден

Секоја малечка задача поставете си ја како малечка цел. По секоја заврпена малечка цел, ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.

Обидете се да не се стресирате околу работите кои не можете да ги промените. 

Сте се нашле во гужва во сообраќај. Човекот пред вас на каса има огромна корпа полна со производи. Ви заврна а не носите чадор. Ви кочи интернетот. Сите овие работи создаваат мали фрустрации, но не можеме на никаков начин да ги промениме. Затоа, најдобро е да работите на тоа кога ќе ви се случи неминовно фрустрирачка ситуација, наместо да ѝ посветувате енергија нервирајќи се, само да ја прифатите каква што е.

Прегледи:
362
Категории:
Животен стил
Објавено на:
11.06.2020