Категории

Малечки, но интересни идеи за враќање на мотивацијата за учење на демотивирани студенти

Овој период се е неизвесно. Дали ќе се продолжи со физичка или онлајн настава, како ќе се полага, кога ќе биде испитната сесија, а кога ќе почнат предавањата… Едно е јасно – дека студентите кои во пандемијата на Ковид се најдоја на сред студии се крајно демотивирани да се вратат на навиката на учење. Тоа е сосема нормално. Но, дали онлајн, дали физички, студиите мора некако да се продолжат. Тука нема да ви држиме мотивациски говори, туку ќе ви предложиме неколку парчиња училишен прибор кои можеби ќе ве израдуваат малку за повторната средба со студиите.

Моливи со мотивациони мисли на нив. Бидејќи, што ќе ве мотивира повеќе од молив? :D Колку и да е шега, сепак, ако ништо друго,  мотивациона мисла на моливот ќе ве насмевне и ќе ве разведри.

Мултифункционален прибор. Не мислиме на моливче со гума, туку на иновативно издизајниран прибор кој е мултифункционален, на пример, ова интересно пенкалце кое со себе носи мал линијар, за елегантно подвлекување битни работи или за барање точно растојание помеѓу редови… за оние попедантните студенти :)

Интересни букмаркери. За повеќе да се заинтересирате за материјалот кој го учите :)

Убави самолепливи потсетници. Доколку сте од луѓето кои често забораваат и живеете со по 20 потсетници околу вас, некои шарени и интересни потсетници ќе ви го разиграат работниот простор.

Убави папки. За илјадниците лисја, потсетници, тестови, книги, да ви бидат убаво организирани, најдобро е да користите папки за секој засебен предмет.

Гуми за бришење со интересни форми. Слатките форми на гумите за бришење не се резервирани само за деца. Всушност, се поголем број возрасни луѓе се користат со убав, шарен прибор, меѓу кои и гуми, за учењето и работата да им изгледаат полесни.

За крај – фенси ранец. Секако, ако некогаш повторно се започне физичка настава…

Прегледи:
578
Категории:
Занимливости
Објавено на:
10.08.2020