Секој е во потрага по абсолутна среќа, доколку би постоела некоја математичка формула за да се стигнело до неа, сигурно многу нешта денес би биле поинакви.
Но тоа не значи дека таа е невозможна и недостижна, напротив, со овие чекори може да направите да се чувствувате многу посреќно отколку што сте се чувствувале до сега, а тоа сигурно ќе се одрази на вашиот изглед и карактер и ќе биде пренесено и на другите, што е дополнително уште поголема среќа.
Правете го она што го сакате
Доколку постојат мали нешта кои ве прават среќни, на пример шетање во природа, дружење со вашите миленици, или некое необично хоби тогаш обидете се да го правите тоа почесто, и колку да е понекогаш неизводливо сигурно можете да извоите малку време за вашата сопствена среќа.
Избирајте ги пријателите
Доколку во вашиот круг на пријатели постојат некои одредени кои прават да се чувствувате незадоволно од себеси и потиштено тогаш дефинитивно е време да се ослободите од нив. И колку тоа да звучи тешко, тие не придонесуваат ништо позитивно тогаш кога би била причината да сакате да бидете покрај некој кој постојано го уморува и влечи надолу вашиот дух?
Реформирајте ги вашите препреки
Наредниот пат кога ќе наидете на препрека, не правете од неа граница која ви кажува стоп туку најдете начин како таа да биде надмината.
Бидење љубезни
Љубезноста прави луѓето да се чувствуваат илјада пати посреќно. Бидете љубезни за да ви биде возвратено со иста мера.