Категории

Мали љубовни трикови со кои ќе го освоите уште на првиот состанок

Првиот впечаток е најважен и од него зависи дали и понатаму ќе има хемија помеѓу вас

Смешкајте се срамежливо
Веројатно сте возбудени поради состанокот, но не дозволувајте тоа да направи да изгледате нервозно и несигурно. За почеток, најдобро е да бидете смирени и пријатни, смешкајте се но притоа внимавајте тоа да не изгледа нападно, нека бидат мали срамежливи насмевки.

Почитувајте се себеси но и него
Бидете точни. Доцнењето на девојките на состаноок се смета за ритуал, а денес времето е скапоцено и немате право да правите ваква грешка.
Исто така, за време на состанокот оставете го телефонот во ташната, британците велат дека оставањето на телефонот на масата во превод значи „плукање во лице на соговорникот“.

Знајте се својата вредност
Не ви ја отвори вратата од ресторанот, не ви го подаде капутот и не ви пружи рака кога се спуштавте по скалите? Се чини дека овој состанок е прв но и последен.

Облечете се малку поелегантно отколку што тој очекува
Не се работи за деколте или мини сукња. Замислете како лебдите по ресторанот во елегантен фустан и сите присутни ве посматраат. Дефинитивно ќе бидат импресионирани од вашиот изглед а вашиот дејт партнер ќе биде горд што вие сте токму со него на состанок.

Слушајте и одговарајте внимателно
Сте дошле да ја запознаете другата личност подобро, не е во ред да почнете да ја оптеретувате со своите лични проблеми и несреќи, а уште помалку за да оговарате некого и тоа не вашиот бивш партнер. Сега не е време за вакви теми. Бидете внимателни, не го прекинувајте кога зборува, и слушајте што има да каже, шегите и духовитоста се неопходни, шармирајте го со својата позитивност и смисла за хумор, на нив никој не може да одолее.

Комплименти
Мажите кои ласкаат се навистина пожелни, но и на вам не треба да ви биде тешко да му поделите некој комплимент, на пример дека ви се допаѓа неговиот џемпер.

Внимавајте на незгодните паузи
Зборувајте постојано и ви и се чини дека разговорот тече спонтано и фасцинирани сте од тоа колку заеднички теми за разговор имате. Но што ако дојде до непријатен молк и пауза? Тогаш е најдобро да кажете некоја шала или да со некоја приказна да ја прекинете тишината, тој ќе ви биде благодарен.

Гледајте го во очи
На првиот состанок, најчесто луѓето се обидуваат да ги сокријат погледите за да не пресудат предвреме. Но психолозите велат дека мажите сакаат кога девојката ги гледа во очи кога разговара со нив, и тоа е еден од начините да натерате некого да се заљуби во вас.

 Завршете го состанокот пристојно
На крајот од состанокот бидете исклучително пријатни и љубезни, никако не го прашувајте дали и кога ќе ве побара повторно. Најдобро е да се разделите со прегратка или невин бакнеж во образ, иако во себе посакувате да му се предадете. Така тој ќе знае дека вие не сте една од тие „лесни пленови“.

Прегледи:
957
Објавено на:
16.11.2019