(ВИДЕО) Ова прекрано мало село во Шкотска плени со својот едноставен природен изглед. Таму би се чувствувале како да сте дел од некоја волшебна бајка од средновековниот период.
Во селото, до 1952 се користеле маслени ламби за осветлување, а потоа им пристигнала и електрична енергија. Алиштата се переле на езерото, а водата за таа цел се загревала на отворен оган.
Ова село има околу 80 жители и воодушевува со старите куќи кои сè уште се покриени со сламени покриви. Селото Блекхаус е дел од Гаренин, или шкотски галски Геранан, и се наоѓа на западниот брег на островот Луис во Шкотска и е омилена туристичка атракција за луѓето желни за скоро недопрена, донекаде дива природа, кои сакаат да почувствуваат како некогаш се живеело на овие простори.
Блекхаус се наоѓа на крајот од патот до заливот на селото во која доминираат девет традиционални стари куќи со покриви од слама, кои се обновени за да го зачуваат минатото. Овие куќи биле населени сè до 1974 година. После тоа, селото се распаднало сè до 1989 година, кога започнала реконструкцијата. Повеќе од десет години подоцна, таа беше отворена за посетителите од принцезата Ана.
Во селото има и музеј, а кафулето и малата продавница за сувенири се отворени во лето. Исто така, постојат докази дека луѓето во западниот дел на островот живееле уште од железното време, за што сведочи и блискиот Дан Карловеј, населба која датира од 1600-тите години. Околу 300 луѓе порано живееја и работеа таму.
Куќите од слама од Блекхаус датираат од доцните 1800-ти. Во тоа време, луѓето се издржувале преку риболов, дури и жените, додека мажите оделе во лов на китови во Јужниот Атлантик во текот на сезоната.
Погледнете како изгледа селото на видеото денес: