Иако ни се чини како нашиот свет да е бескраен, сепак планетата Земја на која живееме е само безначајна честичка прашина во универзумот.
Кога ќе го разгледате фактот дека целата планета има обем од само 40 000 километри, тогаш можете да разберете колку е мала Земјата и колку се зголемил бројот на луѓе. Просечен автомобил за неколку години минува околу 80 000 километри, што значи дека тој автомобил веќе можел 2 пати да ја обиколи целата земјина топка.
Загрижувачко е тоа што човечката популација достигнува неверојани размери. На планетата Земја живеат 7.5 милијарди луѓе, додека пред 50 години тој број бил помал за половина. Заради големата популација почнува да се намалува просторот на планетата, а земјината површина која е само 1/3 од целата планета почнува да биде пренатрупана со патишта, градови и пруги.
Токму тоа и сакал да го покаже Питер Атвуд кој креирал 5 различни типови на мапи на планетата кои јасно ја покажуваат пренаселеноста, бројот на човечката популација, нашето влијание на планетата, но и самата големина на планетата.
Кога ќе ги погледнете овие мапи ќе сфатите дека полека се намалува местото на планетата.
Мапа на градови
Мапа на патишта
Мапа на пруги
Мапа на аеродроми
Мапа на порти