Категории

Мариано Ди Ваио – жените го обожаваат а мажите се огледуваат на неговиот стил

Еден од најубавите мажи во светот – италијанецот Мариано Ди Ваио е миленикот како на женската така и на машката популација. Дамите воздивнуваат на неговата харизма и атрактивен изглед, додека мажите се огледуваат на неговиот беспрекорен стил. Мариано е еден од највлијателните модни блогери со милиони следбеници на својот Инстаграм профил каде редовно споделува фотографии од свите патувања и излеги.
Тој во исто време работи како модел и актер, а во кратки црти е вистински фатален италијанец со неодолива насмевка и префинет вкус за мода.

Досега соработувал со бројни звучни модни имиња како John Galliano, Calvin Klein, Diesel и Roberto Cavalli а неговиот живот значајно се променил откако еден ден на улица бил случајно пресретнат од скаутите на модната агенција Abercrombie and Fitch кои му предложиле да се слика за насловната страна на едно списание. После тоа, тој станува еден од најпопуларните имиња во модниот свет.

Мариано откри дека ужива во својата работа и дека она што го прави му причинува огромно задоволство но сепак убавите работи имаат и лоши страни, „Раздвоеноста од семејството и пријателите е многу тешка, понекогаш само посакувам да поминувам време со нив и да живеам нормално како и сите други, да можам да возам бицикл и да се насладувам на малите нешта со најблиските..“

За својот стил тој раскажа дека како италијанец нормално е неговиот стил да претставува важен сегмент во неговиот живот, „Ние италијанците живееме за модата“, – изјави Мариано притоа додавајќи дека негова омилена модна куќа е Armani и секогаш се огледува на нивната елеганција. На прашањето кој е негов заштитен знак изјави дека тоа е неговата коса за која сите го прашуваат во што е тајната на нејзиниот беспрекорен изглед, а на тоа со насмевка одговори: „Можеби ќе ви кажам еден ден, но засега нека остане тајна“.

 

Прегледи:
475
Објавено на:
22.04.2017