Категории

Марк Закерберг и Присила Чен објавија дека очекуваат втора ќерка со емотивен текст и фотографии од детството

Марк Закерберг, основачот на најпопуларната социјална мрежа Facebook и неговата сопруга Присила Чен ќе станат родители на уште едно девојче.

Парот ја објави веста на Facebook со емотивен текст и фотографии од детството.

Марк и Присила се родители и на 15-месечната Максима. Пред да ја добијат првата ќерка, тие отворено зборуваа за мачниот пат до родителството и тагата од три спонтани абортуси.

Среќни сме со Присила што споделуваме дека очекуваме уште едно девојче!

По нашето тешко искуство да ја имаме Макс, не бевме сигурни што да очекуваме или дали ќе можеме да имаме друго дете.

Кога со Присила дознавме дека таа повторно е бремена, прво се надевавме детето да биде здраво. Следно се надевав дека ќе биде девојче. Не можам да замислам подобар дар од имањето на сестра и многу сум среќен што Макс и нашето ново дете ќе се имаат една со друга.

Израснав со три сестри и тие ме научија да учам од умни и силни жени. Тие не ми беа само сестри, туку и меѓу најдобрите пријатели. Тие ми покажаа како да се натпреваруваме, а потоа сите да се смееме.

Присила израсна со две сестри и тие ја научија на важноста на семејството, грижата еден за друг и напорната работа. Тие се поддржуваа како прва генерација студенти на факултет и во нивните кариери во сферата на медицината и бизнисот. Тие имаат толку многу интерни шеги – какви што можат да ги разберат само сестрите и браќата.

Сите ние сме подобри личности заради силните жени во нашите животи – сестрите, мајките и пријателките. Со нетрпение чекаме да му посакаме добредојде на нашето ново малечко и да дадеме сè од себе да израснеме уште една силна жена.
Марк Закерберг

Прегледи:
437
Објавено на:
09.03.2017