Категории

Марк Закерберг во интервју за CNN ја спомена Македонија

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг изјави за Си-Ен-Ен дека во 2017 година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се шират лажни вести, и оти е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на таа социјална мрежа.

– Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел да откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, рече  Закерберг.

Тој призна грешка и изрази жалење поради скандалот.

– Навистина ми е жал за тоа што се случи, изјави Закерберг во интервјуто, прво откако е обелоденет скандалот со компанијата Кембриџ аналитикс која се поврзува со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Тие признаа дека имале пристап до 50 милиони корисници на Фејсбук без нивно знаење и чувале податоци откако Фејсбук побарал бршиење на податоците.

– Тоа претставува злоупотреба на многу важна доверба и искрено ми е жал за тоа што се случи. Нашата одговорност е тоа да не се повтори, изјави Закерберг.

Според него, компанијата направила грешки и истакна дека тоа ја менува нивната политика за приватност за да се заштитат сите корисници на социјалната мрежа.

– Би сакал тие чекори да беа преземени претходно. Тоа е веројатно најголема грешка што сме ја направиле, изјави Закерберг.

Тој најави ограничување на пристапот до лични податоци на корисници на ФБ и известување до сите корисници чии податоци би можеле да бидат злоупотребени без нивно одобрување.

– Јасно е дека во 2016 година не ја исполнивме добро задачата да одговориме на предизвиците како што треба, без разлика дали станува збор за мешањето на Русија во изборите во САД или за лажните вести. Но, тоа што го видовме оттогаш е дека неколу месеци подоцна имаше избори во Франција каде распоредивме некои ИТ алатки што исполнија голема работа приидентификување руски „ботови“ како и детектирање потенцијално руско мешање…Оваа година има избори во Индија во Бразил и во други делови од светот, и ве уверувам дека сме целосно посветени да направиме се што треба за да се заштити интегритетот за тие избори од страна на Фејсбук, изјави Закерберг.

Извор : МИА

Прегледи:
523
Објавено на:
22.03.2018