Категории

„Маша и Медо“ влегоа во клубот на YouTube милијардери

Популарниот руски цртан филм за деца за немирното девојче Маша и симпатичното мече стана вистински хит на Јутјуб бидејќи се нашол помеѓу 20-те видеа кои собрале по милијарда прегледи.

Во клубот на Јутјуб милијардери се најде 17-тата епизода на „Маша и Медо“ од вкупно 54 епизоди кои може да се пронајдат на најпознатиот интернет-сервис за споделување на видео-материјали. Цртаниот филм стекна голем број обожаватели ширум светот, од Германија и Австралија до САД.

Споменатата епизода од цртаниот стекна статус на 13. најпопуларно видео на Јутјуб на сите времиња.

Во клубот на Јутјуб милијардери неодамна беше ставено и видеото за песната „Hello“ од Адел, кое оваа титула ја достигна во рекордно кратко време и на тој начин од пиедесталот го симна „Gangam style“ на корејскиот пејач Псај.

Прегледи:
1817
Објавено на:
08.02.2016