Категории

Маслиново масло – Ситуации во кои не треба да го користите

Потрошувачката на маслиново масло е значително зголемена во последните децении. Иако маслиновото масло е една од најздравите намирници во светот, сепак постојат ситуации кога никогаш не треба да го користите.

Маслиново масло за пржење
Маслиновото масло е исклучително добро за здравјето на срцето, но станува штетно кога е изложено на високи температури. Иако оваа тема предизвикува многу контроверзии, подобро е да се спречи потенцијална штета. Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека греењето ја уништува структурата на маслото. Наместо тоа, користете маслиново масло како „зачин“ на готовото јадење.

Маслиново масло за скара
Постојат многу рецепти за маринада во кои се споменува маслиново масло. Иако не е штетно, сосема е непотребно да се користи маслиново масло за овие цели, бидејќи едноставно гори. Всушност, месото и зеленчукот за скара не треба да се подмачкуваат. Само подмачкајте ги решетките за скара и маринирајте ја храната во суви зачини.

Маслиново масло за лице
Многу луѓе користат и маслиново масло за козметички цели, најчесто како маска за коса, масло за масажа или нега на кожа. Меѓутоа, кога станува збор за лицето, маслиновото масло треба да се избегнува! Причината за ова е што маслиновото масло е густо и ги затвора порите, така што луѓето кои се склони кон појава на акни треба да го елиминираат од нивната козметичка рутина.

Прегледи:
532
Објавено на:
15.08.2021