Категории

Математичка формула која функционира: Пресметајте кога ќе ја запознаете сродната душа!

Математичарката Хана Фрај открила формула со чија помош ќе го пронајдете совршениот партнер пред 35 години. Многу врски имаат одредени шаблони што значи дека многу луѓе се однесуваат на ист начин.

На пример, 34% од паровите ќе почекаат неколку месеци пред да започнат да се држат за рака или некое време пред да се бакнат. Токму овие шаблони им дозволуваат на математичарите да пронајдат формула која помага при непредвидени моменти како што се вљубувањето и барњето идеален партнер.

Формулата се нарекува теорија на оптимално запирање, што значи дека го избирате правото време да реагирате поради што добивате најдобри можни резултати.

За да го пресметате идеалното време за запознавање на својата сродна душа потребно е да се сетите кога сте го имале првото момче/девојка и да замислите на колку години би сакале да се омажите/ожените.

Личноста или личностите со кои сте поминале 37% од вашето време од моментот кога сте го имале првото момче/девојка, па сѐ до идеалните години за брак никако не се ваша сродна душа. Меѓутоа, личноста која доаѓа во другите 37% од тој период е вашата сродна душа.

На пример, ако вашата прва врска се случила на 15 години, сродната душа нема да ја пронајдете сѐ до 22. година.

Прегледи:
581
Објавено на:
22.05.2019