Според последната анкета, мажите бараат жена која ги потсетува на нивната мајка.
Имено, порталот за запознавање eHarmony спроведе анкета во која учествувале 1 000 мажи и според добиените резултати 64 % од испитаниците се искажале дека бараат жена која е слична на нивната мајка. Карактеристики кои највеќе ги истакнале се толеранција, емпатија и верност.
За психологот Рејчел Лојд резултатите не се изненадување: „Познато е дека луѓето бараат слични карактеристики кај партнерот, а при тоа врската со родителите игра голема улога. Мајките се тие кои многу внимаваат на своите деца, па воопшто не е чудно што мажите сакаат жена со исти вредности“- истакнува таа.