Категории

Мажите полесно губат килограми од жените, а еве и зошто!

Досегашните спроведени истражувања покажуваат дека постојат 5 изненадувачки причини зошто мажите побргу слабеат од жените.

Мажите имаат повеќе мускули, особено на горниот дел од телото, а бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории отколку масти, мажите имаат за 5 до 10% побрз метаболизам. За тоа е виновен тестостеронот. Тестостеронот е моќен хормон и мажите го имаат 10 пати повеќе отколку жените. Значи, мажите преку целиот ден согоруваат калории.

Најдобар начин за забрзување на метаболизмот е преку тренинг преку кој се гради мускулната маса, а поради разликата во тестостеронот, жените не мораат да се плашат да не изгледаат мажествено. Чучњевите, стомачните, склековите ја зголемуваат мускулната маса. Вежбањето не само што ја зголемува мускулната маса, туку и го намалува стресот и го поттикнува лачењето на ендорфин, вежбањето го зајакнува префронталниот кортекс, центарот на силата за волја во мозокот.

Прегледи:
391
Објавено на:
19.04.2018