Категории

Мажите родени во овие хороскопски знаци се плашат да се вљубат и да покажат емоции

Мажите со овие хороскопски знаци се плашат да се вљубат поради повеќе причини. Не е за секого лесно да се впушти во длабока љубовна врска. Други пак, се плашат дека ќе ја загубат својата независност или дека ќе бидат повредени. Мажите со овие хороскопски знаци се плашат да се поврзат, а погледнете и зошто.

 

Стрелец

Тој е прав авантурист и секогаш е подготвен за акција. Сака спонтано и слободно да се движи низ животот- инаку бргу станува незадоволен. Доколку се одлучи за врска, бргу потоа почнува да се плаши за својата слобода и помислата дека повеќе нема да биде одговорен само за себе.

Водолија

Тој има креативен и слободен дух кој со задоволство ноќта ја поминува забавувајќи се. Строгиот концепт на врска и живот во пар, за него е најголем кошмар. Се чувствува ограничен поради општествените норми, се гуши и добива панични напади кога треба да направи компромис. Уште полошо доколку треба да се откаже од некои свои навики.

Вага

Слободата му е поважна од се. Сака да живее по сопствени правила и не сака никакви обврски. Мажите родени во знакот на Вага сакаат да флертуваат и добро да се забавуваат. Кога ќе почувствуваат дека врската станува посериозна, тие бегаат. Доколку некој сака да управува со нив мора да им даде многу простор и не смее да ги ограничува во ништо.

Прегледи:
459
Објавено на:
18.06.2018