Категории

Мажите сакаат интелигентни жени само во еден случај

Потврдено е дека мажите навистина не сакаат интелигентни жени, освен во еден случај!

Сите сме ја слушнале реченицата „мажите не сакаат интелигентни жени“ по кој знае кој пат во животот. Едно ново истражување го докажа тоа – интелигентните жени не се баш привлечни за мажите, освен во еден случај!

Имено, научниците од Универзитетот во Колумбија спроведоа студија за да го испитаат однесувањето на 500 мажи и жени и да откријат какви луѓе ги привлекуваат. Тие го направија тоа со помош на таканаречениот експеримент за запознавање на брзина, каде што луѓето имаат ограничено време да се запознаат, се со цел да откријат како физичката привлечност и како интелигенцијата влијае на шансите за втор состанок.

Резултатите се исклучително интересни! За жените физичкиот изглед е поважен од интелигенцијата, но оние кои се интелигентни и привлечни секако доаѓаат во предвид. Колку е мажот поубав и попаметен, толку се поголеми шансите жената повторно да излезе со него. Освен тоа, излегува дека мажите кои не се особено привлечни можат да го компензираат тоа со интелигенција и обратно.

Но, во спротивен случај, резултатите се сосема различни. Мажите не сакаат да излегуваат со интелигентни жени! Дури и просечната убава девојка сакаат да ја видат повторно само ако не е многу интелигентна (ако нема 10/10 на скалата за интелигенција).

Прегледи:
475
Објавено на:
25.10.2021