Категории

Мажите сакаат кога жените го прават првиот чекор, а жените раскинуваат почесто од мажите – Тврдат новите истражувања

Машко-женските односи секојдневно се мета на нови истражувања и откривање на нови факти и податоци

На пример, дури 89% од младите мажи обожаваат да излегуваат со постари жени, а додека се во потрага доста им е важно да не се со полна градба.

Жените, од друга страна, доста ги привлекуваат мажи кои се точно шест години постари од нив, а како што се наведува – многу тврдат дека од љубовниот бродолом никогаш не се опоравуваат без оглед на тоа што се верува дека времето лечи се.

Истражувањето кое вклучило 1000 самци, открило дека дури 95% од мажите сакаат кога девојката ќе го направи првиот чекор во ноќниот клуб или кафичот.

6% од жените сметаат дека никогаш потполно не се опоравуваат од љубовниот бродолом.
А жените многу почесто раскинуваат отколку мажите.

Истражувањата покажуваат дека мажите стануваат инстантно поглупи кога гледаат во атрактивна жена.
39% од жените би се откажале од сексот на година дена отколку од омилената храна.

Кога е во прашање запознавањето преку интернет, жените најмногу се плашат дека нивниот партнер за дејт ќе биде сериски убиец, додека кај мажите постои страв дека во живо партнерката ќе биде дебела.

Од 1000 сингл мажи, 73% изјавиле дека примарниот интерес им е да пронајдат некој за долга врска.
Додека околу 57% од самците сметаат дека размислувањето за поранешните партнери ги спречува во пронаоѓањето на нова врска.

Дури 64% од личностите изјавиле дека го промениле својот изглед после раскинувањето.

Прегледи:
492
Објавено на:
21.05.2020