Категории

Мажите се најсреќни покрај жените кои постојано дрдорат

Шокантно голем број мажи имаат многу подобар и посреќен живот покрај жени кои постојано им дрдорат.

Научниците докажале дека жените кои поседуваат силен карактер се вистински дијамант за партнерот. Спрема истражувањата, таквата жена го намалува ризикот од дијабетес кај својот маж. Тешко е за да се поверува во ова но сепак е научно докажан факт. Секако, не е баш се толку едноставно. Особено ако жената ви „галами“ од утро до вечер и тоа може да предизвика излив на бес.

Ова истражување не се однесува на таа крајност. Но оние мажи кои покрај себе имаат жена која бара доста труд, можат да престанат да се грижат за своето здравје. Стручњаците од универзитетот во Чикаго спроведоа низа експерименти и докажаа дека лошото расположение директно влијае врз расположението на партнерот.

Смирената комуникација со партнерот влијае на добриот метаболизам и доброто здравје. Но податоците од истражувањето на мажите ги шокирале сите. Мажите кои изјавиле дека нивните жени постојано се обидувале да ги контролираат, се иритантни и настроени на критика биле помалку склони кон појава на дијабетес во иднина. За разлика од мажите кои живееле мирен живот каде жената не им досадувала.

Прегледи:
751
Објавено на:
27.12.2020