Категории

Мажите се „слаби“ на девојките кои ги имаат овие квалитети

Машката психологија и не е толку комплицирана. Прочитајте и запомнете!

Девојки кои се грижат за себеси
Фактот дека момците сакаат негувани девојки е аксиом за кој не треба доказ.И тоа не се однесува само на убавината, туку и на односот спрема себе и светот околу себе. Ако девојката се грижи за себе, се обидува да стане подобра во се, тоа сигурно нема да остане незабележано.

Природни девојки
Секогаш и во се. Од изглед до комуникација и изразување на емоции. Нуркање во базен без страв дека ќе се појави пред момчето со разбушавена коса и размачкана шминка. Да биде своја во било која ситуација без да се обидува да изгледа добро, е двапати совршено. Искреноста и природноста се поважни од замислените идели особено за момците.

Девојки кои се смеат
Спрема бројни анкети на психолозите, насмевка а не големи гради или раскошна долга коса – е вистинското нешто на кое секое машко обрнува внимание при средбата. И тоа е секако најубавиот украс, поубав од секоја шминка.

Девојки кои веруваат на себеси и на другите
Атрактивни девојки се оние кои се секогаш самоуверени. Ги почитуваат сопствените потреби и ги знаат своите граници кои не смеат да ги преминат. Како резултат на тоа тие им веруваат на другите, без да се обидуваат да ги затворат другите и да ги променат.

Девојки кои имаат хоби
Мажите сакаат девојки кои имаат хоби. Заедничките интереси се одлични. Меѓутоа во здравите односи личниот простор е клучен. Девојките кои имаат време за хоби или омилената работа во која се развиваат и усовршуваат им се омилени на мажите.

Девојки кои секогаш го кажуваат она кое го мислат
И во тоа е нивната цврстина. Каква е поентата ако уше од самиот почеток имате радикално спротивни мислења на суштинските нешта? Во овој случај, постојат два избори: да се залажувате себеси што воопшто нема смисла или да го кажите она што го мислите и да си останете верни на себеси а тоа ќе го разбуди неговото почитување спрема вас.

Девојки кои ги интересира светот околу себеси
Не е потребно да стекнете докторат и да бидете експерт во некои области. Меѓутоа, апсолутно секој маж ќе биде воодушевен ако имате заеднички теми за кои ќе разговарате – за книги, филмови, политика, наука или било кои други нешта.

Девојки кои се забавни
Тоа го докажуваат бројни студии, еден од главните квалитети кои девојките и момците го ценат е смислата за хумор. Способноста на девојките да заборават на се, пред се на своите предрасуди и комплекси и само да се забавуваат заедно од срце е нешто што апсолутно секој маж го цени.