Категории

Мажите за кои жените можат само да сонуваат!

Иако знаете дека никогаш нема да завршите со нив, не можете да си објасните зошто ви “се тресат колената” и имате пеперутки во стомакот кога ќе го здогледате.

Дознајте кои се 10-те типови на мажи кои треба да ги избегнувате по секоја цена, иако потајно копнеете по нив.

Тој е брат на вашата пријателка

Постои можност дека после раскинувањето со тој дечко, ќе ја изгубите и пријателката. Плус нема да можете баш да го оговарате со неа, ниту да барате да застане на ваша страна кога ќе се скарате.

Келнер или шанкер

Не го познавате, но го сретнувате често во вашето омилено кафуле. И често фантазирате за него и за тоа што би можело да се случи меѓу вас. Ноќно работно време и многу згодни девојки зад шанкот… имате ли навистина нерви за тоа?

Некој кој ви е тотална спротивност

Вие сте нежна принцеза, а тој панкер во мартинки и со опасни тетоважи? Сепак, често помислувате дека би биле необичен пар.

2

Добар другар на вашиот дечко

Забранета територија! Иако знаете дека никогаш не би се впуштиле во оваа приказна, понекогаш помислувате на шармантниот другар на вашиот дечко.

Дечко на вашата пријателка

Исто така забранета територија! Ако никогаш не сте помислиле како би ви било во врската со момчето на вашата пријателка или лажете или таа баш и нема некој добар вкус за момчиња.

Лошо момче

Знаете дека врската со него нема никаква иднина и дека тој е ужасен избор за вас, но некако не можете да го исфрлите од мислите.

Авторитативна фигура

Постар е од вас, но неодолив. Можеби е вашиот професор од факултет или шефот на работа. Знаеме дека моќта привлекува, но задржете се само на фантазирање.

3

Колега од работа

Тоа е некој кој го гледате секојдневно. Сте се потрудиле да се зближите, но тогаш сте сфатиле дека е многу досаден тип. Сепак, неговата појава е мелем за вашите очи.

Секси странец

Можеби ќе го сретнете на летување или како турист во вашиот град. На прв поглед можеби ќе паднете на неговиот секси акцент и насмевка, но набрзо ќе сфатите дека меѓу вас има километарска разлика.

Никогаш нема да биде ваш

Вам ви се допаѓа, но вие нему не, барем не на тој начин. Едноставно не сте негов тип.

Прегледи:
417
Објавено на:
13.06.2016