Категории

Мажот и жената треба да имаат одвоени сметки – Мажот го финансира семејството, а жената себеси

Психолозите излегоа со следното тврдења дека жената не смее да вложува иста количина на пари во семејството како и сопругот.

Мажот како глава на семејството, мора да ја разбере и прифати својата одговорност за вас и вашите деца, вклучувајќи ја и финансиската. Ако сте го научиле дека со него плаќате се по половина, тогаш тешко дека ќе го промените.
Од самиот почеток го соочувате својот избраник со фактот дека тој ќе биде одговорен за финансиската иднина на вашето семејство.

Девојките кои неодамна се омажиле многу често прават една од најчестите грешки – почнуваат да вложуваат финансиски рамноправно со своите сопрузи.

Главниот финансиер на семејството треба секогаш да биде мажот.

Ако мажот не се навикне на тој факт, кога жената оди на породилно отсуство и повеќе не може да заработува пари, тука почнува главниот проблем.

„Мојата приказна е следна. Се омажив пред три години. Заработуваме исто, штедевме по половина, секогаш разговаравме за купувањето и се договаравме. Изгледаше како да функционираме како иделано семејство.
Тогаш останав бремена. Работев речиси до пораѓајот, а потоа следеше породилно отсуство.Престанав да заработувам а мажот ми мораше да обезбедува за нас и за детето. Почна да се жали како немаме доволно пари, како тој не може сам да заработи за нас, мене ме критикуваше како премногу трошам и тоа многу брзо доведе до развод“, споделува Лидија (35).

Главниот финансиер на семејството секогаш мора да биде мажот. Кога тој ќе го сфати тоа, ќе се труди да заработи повеќе, почнува да произведува повеќе тестостерон, што ќе му помогне да постигне повеќе и да биде горд на себеси и своите достигнувања.

Во случај мажот да се навикнал заедно со вас да допринесува пола-пола во домашниот буџет, со тек на време ќе дојде до големо незадоволство. Ќе сфатите дека вие можете и без него.

На мажот му е потребно да се чувствува моќно. Дозволете му да се грижи за вас. Ако вие се грижите за детето, тој треба да се грижи за домашниот буџет. Така и двата ќе водите сметка околу семејството. Тоа се здрави брачни односи, тврдат психолозите.