Категории

„Ме чекаше секој ден цели 11 години. Знаев дека еден ден ќе дојдам и нема да биде тука“

„Кога го изгубив моето куче, почувствував болка на која сѐ уште се сеќавам. Се сеќавам и на моментот кога ископав дупка во темната шума во темната шума, беше зима и земјата беше толку цврста што одвај успеав. Се сеќавам како внимателно го спуштав неговото тело, одбивајќи да се помирам со вистината. Но, морав. Со намера да се справам со својата болка споделив фотографии од Тоби како ме чека да се вратам од работа“, вака ја започнува својата исповед Роман од Чикаго кој неодамна го изгуби своето куче, Тоби.

„Тој стоеше на прозорецот цели 11 години, секој ден и ме чекаше да се вратам од работа. Знаев дека ќе дојде денот кога нема да биде тука. Поминаа три месеци и сѐ уште првото нешто во кое погледнувам кога доаѓам од работа е тој прозорец.

Тоби влезе во мојот живот кога имаше 2 години. Се запознавме така што тој изврши нужда на тепихот во мојата дневна соба веднаш штом мојата поранешна го спушти доле (тој беше нејзино куче). Првите неколку месеци воопшто не се сложувавме, тој постојано сакаше внимание. Постојано беше околу мене. Имав потешкотии да се привикнам на неговата љубов и итрина. По некое време, се потрудивме двајцата и станавме најдобри пријатели. Откако раскинавме со поранешната се договоривме таа да го задржи станот за јас да можам да го задржам Тоби. Тоа се случи кога тој имаше 10.“, се сеќава Роман.

 

Роман објаснува дека Тоби бил многу мило куче. Обожавал деца, обожавал луѓе воопшто. Никогаш не нападнал ниту пак каснал некого.

Поради својата работа, Роман најчесто бил отсутен од дома околу 8-10 часа. Тоби знаел кога се враќа, го чувствувал тоа. Стоел секој ден покрај прозорецот и кога ќе пристигнел Роман рипал од среќа, покажувајќи возбуда на сите начини.

 

Тоби имал 16 години и ги надживеал сите очекувања со оглед на тоа дека има преживеано и рак.

„Тој имаше 3 операции претходно. Докторите велеа дека нема долго да живее. Дури и кога му дијагностицираа рак на бубрегот во 4 фаза (октомври 2018), ветеринарот рече – ова куче пред мене не се совпаѓа со резултатите од компјутерската томографија. Тој живееше до февруари.“, се сеќава Роман.