Категории

„Ме исмејуваат но јас не се срамам од своето тело“ – Инфлуенсерка откри колку се здебелила за време на карантинот –

Пандемијата на коронавирус прилично го измени начинот на живот. Мерките кои вклучуваа забрана за движење како и работата од дома влијаеа на тоа голем дел од луѓето да се здебелат. Клое Ксандриа објави видео во кое прикажува колку нејзината фигура се промени од јануари.

„Одлучив да го ценам своето тело кое ме држеше во глобалната пандемија“, напиша инфлуенсерката. Клое објави селфи кое го слика на почетокот на годината, а бидејќи порано се борела со вишок килограми, одлучи сега да сподели фотографија од својата фигура во полна форма. Но и покрај тоа што се надеваше на позитивни коментари, Клое тврди дека била жртва на исмејување и како што вели добивала и смртни закани.

„Добив бројни заканувачки со смрт пораки поради објавувањето на ова, како и многу гадни коментари за себе и своето семејство“, објаснува и додава: „Ги исклучив коментарите на своето видео. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми испратија љубов и поддршка. Ќе продолжам да се борам против вишокот килограми.“

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Xandria (@chloe_xandria)

Иако не откри колку килограми се здебелила во текот на карантинот, Клое на почетокот на годината на Инстаграм откри дека сега се чувствува подобро во своето тело отколку кога била слаба.

„Ова е моето тело после 6 месеци карантин и покрај тоа што ми беше одземен последниот семестар од апсолвентскиот стаж, сепак се чувствувам добро психички. Можеби ќе се здебелите поради карантинот, можеби и ви се случило тоа. Само запомнете дека треба да се сакате себеси и да не бидете сурови спрема себе поради фактот дека сте се се здебелиле. Мене во текот на карантинот храната ми беше единственото нешто кое ми делуваше како утеха.“

Во своите Инстаграм приказни, Клое објасни зошто почна да споделува фотографии од своето тело.
„Наместо да се концентрирате на бројот на килограми кои ги покажува вагата, фокусирајте се на други нешта како она кое вашето тело го направило за вас, како ве носи низ животот“, наведе Клое.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Xandria (@chloe_xandria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Xandria (@chloe_xandria)

Прегледи:
649
Објавено на:
25.12.2020