Категории

Мебел од стари пaлети: Најдобри примери како да го разубавите домот евтино и квалитетно

Сакате да внесете мали промени  во ентериерот или да го разубавите балконот со нови парчиња мебел, но немате многу пари за инвестиција?

Искористете ги старите палети! Правењето мебел од овој материјал веќе некое време е вистински хит, а многумина го сакаат затоа што е практичен, евтин и природен начин да го освежите изгледот на вашиот дом.

Од спалната соба преку терасата до трпезаријата, парчиња од стари палети можете да сместите било каде, а со мала креативност, боја, текстил и украси, ќе добиете неверојатни, уникатни парчиња мебел.

На овој начин ја чувате природата, рециклирате, штедите пари, а во исто време го подновувате станот и добивате квалитетен мебел од природни материјали, затоа погледнете ја оваа мала галерија, пронајдете инспирација и засукајте ги ракавите!