Мечка и две мечиња, гладни, по потрага по храна провалиле во пицерија, а сето тоа е снимено со камера.
Antonio’s Real New York Pizza е местото „на злосторството“, каде што оваа мечка и двете мечиња се најале тесто за пица и салами, откако влегле кршејќи еден прозорец.
Рекацијата на сопственикот на оваа пицерија ги остави сите без зборови, покрај самиот факт што ова е необично видео, тој испраќа друга порака.
„Порака до полицијата: Ако повторно мечки влезат кај мене, ве молам не пукајте“. Неодамнешните законски промени довеле до тоа сите кантите за отпад да бидат заклучени, како заштита од мечки, но работите тргнале во погрешна насока. Имено, сега мечките се фокусирани на домовите и рестораните, а вината за тоа е кај луѓето.
Мечките се гладни и мора да дојдат до храна, а човекот е тој кој им ја нарушува животната средина и упорно создава проблеми за дивиот свет, наместо да најде решение.
Прочитајте што има да каже сопственикот на оваа пицерија како коментар на видеото кое беше поставено на нивната фејсбук страница.