Категории

Мечтаеш за него 24 часа на ден? Еве како да го натераш и тој да сонува за тебе!

Мечтаете по момче кое не ви обрнува доволно внимание? Можеби е крајно време да направите промени во стратегијата.

Бидете зафатена

Излегувај, спортувај, најди хоби. Натерај го да сфати дека си зафатен човек – така ќе биде заинтригиран од тебе, но и ќе биде благодарен и за реткото поминато време кое те гледа.

Не му покажувајте дека се лутите, кога не се јавува или пишува

Доколку во почетокот е нормално да си пишувате и да се слушате постојано, со текот на времето и двајцата нема да имате потреба од тоа, за да се чувствувате сакани. Мажите не сакаат да зборуваат многу за своите чувства, затоа ако не ти се јави цел ден, немој да правиш скандал.

Сакајте се самата себе си

Доколку сакаш тој да те сака, прво научи да се чувствуваш одлично во својата кожа. Облечи ги твоите најсекси фармерки и лакирани нокти. Чувствувај се секси и убава. Така и тој ќе те почувствува на ист начин.

Внимавајте на својот изглед

Грижете се за себе. Треба да помине едно извесно време, пред да му дозволиш да те види со маска на лицето или без шминка на утрото.

Бидeте амбициозни

Неговиот интерес можеш да го одржуваш, ако ги преземаш работите во свои раце или па ги правите заедно. Тие се важни за страста во вашата врска.

Делете комплименти

Треба да ви е јасно дека мажите го обожаваат егото. Направете му комплимент за тоа како му стои кошулата, и колку е убав и згоден. Вметнете го секси погледот, и тој ќе те побара уште посилно.

Прегледи:
532
Објавено на:
05.10.2016