Поп-дивата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, познатиот уметник Михаил Корубин, речиси еден месец патуваат низ Америка, уживајќи во магијата на медениот месец.
Нивната прва дестинација беше завеаната Канада. Од таму вљубените се упатија во Тулум, Мексико, а моментлно уживаат во топлото време во Калифорнија.
Иако и двајцата не сакаат да ја споделуваат приватноста со јавноста, повремено на нивните профили на Инстаграм тие споделуваат фотографии од патувањето.
Последните фотографии кои ги објавија се од Абот Кини, кварт на уметниците во Лос Анџелес.