Категории

Историски успех: „Медена земја“ и официјално со две номинации за Оскар: Најдобар странски филм и најдобар документарец

„Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарец.

Во конкуренцијата за најдобар странски филм се наоѓаат филмовите:

  • Јужна Кореја „Parasite„
  • Шпанија „Pain and Glory“
  • Франција „Les Misѐrables“
  • Македонија „Honeyland“
  • Полска „Corpus Christi“

Во конкуренцијата за најдобар документарец, официјално се најдоа документарците:

  • „American Factory“
  • „The Edge of Democracy“
  • „Honeyland“
  • „For Sama“
  • „The Cave“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Honeyland – Медена земја (@honeyland_medena_zemja) on

„Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно“, велат во соопштенитето на официјалната фејсбук страница на Медена Земја.