Категории

„Медена земја“ прогласена за најдобар филм според Њујорк Тајмс

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ никого не остава рамнодушен, а доказ за тоа се и двете најнови признанија во Њујорк.

Едното признание дојде од Друштвото на њујоршки филмски критичари, според кои документарецот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е најдобар за 2019. Исто така, и весникот „Њујорк Тајмс“ го стави на врвот на листата на најдобри филмови годинава.

На неговата листа со најдобри филмови на годината се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и „Паразит“ на Бонг Јон-хо.