Осум недели тренинг во медитација доведува до мерливи промени во мозочните региони за меморија, самосвесност, емпатија и стрес- според истражувањата спроведени во Општата болница во Масачусетс.
Имено, на 16 испитаници им е направена магнетна резонанца на мозочните структури две недели пред започнувањето со медитација. Потоа, тие 8 недели присуствувале на тренинзите по медитација и исто така биле замолени и дома да преслушуваат аудио записи за медитивна практика. Направена е магнетна резонанца и на контролна група која не учествувала во тренгот за медитација. Групата која медитирала во просек вежбала 27 минути дневно.
По осум недели направена е нова магнетна резонанца на мозочните структури и забележано е значајно зголемување на густината на сивата маса во хипоталамусот, што е многу важно за процесите на учење, меморија, самосвесност и емоции. Научниците наведуваат дека практикувањето медитативни техники на долг план доведуваат до значајни подобрувања во мозочните структури. Ниедна од промените не е забележана кај контролната група. Затоа- медитирајте и променете си го мозокот.