Категории

 Медицината советува – Ако го носите ова, залудно е миењето и дезинфекцијата на рацете

Во екот на епидемијата, секојдневно носење на накит е лошо за вашето здравје и хигиена, споделуваат медицинарите

Носењето на накит во текот на епидемијата на корона вирусот го оневозможува ефикасното миење на рацете и дезинфекцијата. Првенствено тоа се однесува на прстените и белегзиите, тврдат стручњаците.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Џорџија, покажа дека личностите кои носат накит не можат доволно добро да одржуваат хигиена затоа што кожата под накитот останува незаштитена од дезинфекција и станува идеално место за развој на бактерии. Освен тоа, докажаа дека личностите кои не носат прстени мораат подобро да ги мијат своите раце од оние кои носат.

Но не е доволно само да го извадите накитот и да ги измиете рацете. Ако вашиот накит е заразен со бактерии и вие само го вратите назад на вашите раце, тие повторно ќе бидат заразени.

Тие советуваат со помош на сапун и топла вода добро да го измиете и накитот за да бидете сигурни дека е комплетно дезинфициран од бактерии. Но никако немојте да го миете со сретство за дезинфекција затоа што така можете да го уништите.