Со согласност од членовите на семејството, медицински тим од Њујорк трансплатира генетски модифициран бубрег од свиња на мозочно мртов човек.
По еден месец, се забележало дека бубрегот сѐ уште работи во телото.
Ова е најдолгото време што еден таков орган некогаш работел во телото.
Истото поттикнува надеж дека еден ден свинските органи ќе можат да им помогнат на човечките тела на кои им е потребна донација.