Категории

Медокс Џоли Пит се огласи по повод Бред Пит: „Јас не се гледам себеси како негов син“

Анџелина Џоли го посвои Медокс уште пред таа и Бред Пит да стапат во брак. Таа и Медокс се многу блиски, додека Бред Пит не го чувствува истото кон него.

Медокс, посвоениот син на Анџелина Џоли не е во најдобри односи со Бред Пит. Додека Бред се надевал дека нивните проблеми ќе се решат, Медокс одбива да одржува било каков контакт со него. Тој неодамна изјави дека „не се гледа себеси како негов син“

Медокс неодамна стана студент, Анџелина го придружуваше на првиот ден на колеџот во Јужна Кореа каде ќе студира биохемија. Кога го запрашаа дали Бред ќе дојде да го посетува тој одговори: „не сум баш сигурен во тоа.“

Тој не сакаше да споделува многу детали околу неговиот однос со Бред па на прашањето дали нивниот однос со Бред ќе се подобри тој кратко изјави: „нека биде што ќе биде!“

 

Прегледи:
1758
Објавено на:
17.09.2019