Категории

Меган и Хари пречекани назад во Велика Британија со скандирање и навреди  – Поранешната војвотка одговори на нападите

Првото појавување во јавност на поранешниот кралски пар откако се откажаа од титулите

Меган Маркл и принцот Хари официјално се откажаа од кралските должности и не се повеќе членови на Британското кралско семејство. Проследено со та тие ги изгубија своите титули и финансиската поддршка на британската круна, и одлучија да живеат мирен и повлечен живот во Канада далеку од медиумите.

Поранешните благородници од Сасекс живеат заедно со својот син Арчи во Канада, но одлучија да се вратат во Обединетото кралство на една вечер по службен повод.

Нивното прво службено појавување после донесувањето на одлуката беше проследо со низа навреди упатени на нивна сметка.
Некои дури и тврдеа дека Меган и Хари се всушност на работ пред развод, но нивното заедничко појавување ги демантираше гласините.
На оние кои и упатија негативни гласини Меган низ насмевка изјави: „Многу сум среќна и прекрасно е што сум повторно тука. Чувствувам неверојатна среќа што имам шанса да му се придружам на својот сопруг тука. Ова место е мојата вечна инспирација.“