Меган Маркл во колумната за New York Times за прв пат прозборе за загубата на своето бебе. Таа во месец јули имала спонтан абортус. „Се случи додека ја менував пелената на својот син, почувствуваш остра болка во стомакот“ – вели Меган.
„Се спуштив на подот со него во прегратка, му пеев приспивна песна за да не смири и двајцата. Веселата мелодија беше потполн контраст на моето чувство дека нешто не е во ред“ – напиша Меган.
Таа едвај го поднела оваа трагична загуба а Хари како и секогаш цело време бил со неа.
„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто. Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет држејќи го сопругот за рака. Ја чувствував топлинат ана неговата дланка, тој ми ја бакнуваше, беше мокра од нашите солзи. Гледајќи во студените бели ѕидови, очите ми зармзнаа. Се обидував да замислам како ќе се излечеме“ – заврши Меган во својата интимна исповед, изјавувајќи дека 2020 година е година на големи загуби.
View this post on Instagram