Се чини дека Меган Маркл не престанува да ги крши правилата од кога влезе во британското кралско семејство. Последното непишано правило кое ќе го прекрши се однесува на местото на породување. Имено, традицијата налага породувањето да се одвива во приватен простор во болницата Света Марија во Лондон.
Таму се породиле и покојната принцеза Дајана и Кејт Мидлтон. Меѓутоа, сопругата на принцот Хари, според британските медиуми, сака приватно породување, далеку од очите на медиумите кои го следат доаѓањето на свет на секое кралско новороденче.
Поради тоа, се зборува дека бебето на Меган Маркл и принцот Хари ќе дојде на свет во болницата недалеку од нивниот дом во Виндзор, во болницата Фримл Парк, основана во 1973. година. Тоа ќе ја прекине традицијата долга четири децении.
Меган треба да се породи на крајот од овој месец. Таа се повлече од јавниот живот уште пред 2 недели, иако беше видена на прошетки по улиците на Лондон со својот сопруг Хари.