Категории

Меган Маркл прекрши уште едно кралско правило

Иако до свадбата на принцот Хари и Меган Маркл преостануваат уште само неколку месеци, се чини дека таа сеуште ги нема научено правилата на кралското семејство.

За време на посетата во Кардиф, Меган беше пречекана еуфорично, со цвеќе и подароци. Таа срдечно се поздравуваше со насобраните луѓе и воопшто не ја симнуваше широката насмевка од лицето.

Но, поради една малечка обожавателка, Меган го прекрши протоколот на монархијата. Малото девојче побара автограм од неа, а таа веднаш се потпиша.

Едно од правилата на кралското правило гласи дека членовите на семејството не смеат да делат автограми, како и да не се согласуваат на селфи фотографии со фановите. Но, Меган, го направи и тоа.