Навиките на луѓето по пандемијата се сменија, а технологијата како и секогаш си го зазеде своето место во прв ред.
Мекдоналдс го отвори првиот ресторан во Тексас којшто е целосно автоматизиран и изгледа навистина футуристички. Повеќе нема да има редица луѓе коишто чекаат, своите нарачки ќе ги добиваат за многу кратко време.
Наместо луѓе-вработени, нарачките ќе ги даваат роботи, а истите ќе се нарачуваат преку апликации во коишто исто така не се вклучени луѓе.