Категории

Мекдоналдс отвори ресторан за пчели (ВИДЕО)

Мекдоналдс го креираше најмалиот ресторан до сега и го посвети на пчелите.

Загадувањето на планетата е голем проблем кој постојано се зголемува и се повеќе животни, растенија и инсекти полека изумираат од негативниот ефект. Бројот на пчелите драстично почна да се намалува, а тоа може да создаде големи проблеми во целиот екосистем.
Во САД бројот на пчелите по хектар се намалил за 90%. Тој факт покажува колку тие се загрозени и дека полека се приближуваат кон изумирање на видот.
Пчелите имаат многу голема улога во зачувувањето на планетата. Тие се одговорни за 80% од запрашувањата на растенијата на планетата, додека за останатите 20% се заслужни останатите инсекти и ветерот. Една пчела дневно може да запраши преку 300 милиони цветови, а тоа значајно влијае на размножувањето на растенијата и нивната распространетост. Кога би исчезнале пчелите, целата планета би се соочила со недостаток на храна и растенија.
Токму затоа популарниот ланец на брза храна, Мекдоналос, одличил да направи минијатурни ресторани за пчели кои всушност ќе бидат нивно засолниште и идеално место каде би можеле да се размножуваат. Од Мекдоналс порачуваат дека секој ресторан на кровот ќе има и место за помал ресторан каде пчелите ќе може да се размножуваат и при тоа никој да не биде загрозен.