Меланија Трамп неодамна призна дека уште од летото започнала да ги планира божиќните декорации на Белата куќа, а со оглед на тоа дека пред неколку денови од Пенсилванија стигна и голема елка која оваа година ќе ја краси Сината соба, беше време првата дама на Америка да ги засука ракавите!
Заедно со тимот волонтери, убавата Словенка со возбуда ги поставуваше украсите и ги китеше бројните елки, а дел од атмосферата ја откри и на Инстаграм.
На крај и самата позирала помеѓу раскошните елки во огромниот ходник, па со серија фотографии воодушевила повеќе од 3,5 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.
Оваа година, темата на божиќните декорации е „патриотизам“, а сите детали погледнете ги во галеријата.