Менталната сила често не се покажува преку тоа што го правите, напротив, она што не го правите покажува колку сте ментално силни.
Еве што ментално силните луѓе не прават:
1. Не губат време на самосожалување
Тоа е деструктивно – ве држи подалеку од можноста да живеете со полна плуќа и да бидете среќни. Самосожалувањето е изгубено време и позитивна енергија, а згора на тоа негативно влијае врз меѓучовечките односи. Наместо да се сожалувате, почнете да го цените тоа што го имате во животот.
2. Не се откажуваат од својата моќ
Многу луѓе забораваат колку се јаки кога немаат физичка или емоционална граница. Треба да знаете кога треба да подвлечете линија и да заземете став. Доколку други луѓе го контролираат она што го правите, тогаш тие го дефинираат вашиот успех и самодоверба. Важно е да имате сопствени цели и храбро да се трудите да ги остварите.
3. Не бегаат од промени
Да направите некоја промена во животот може да звучи застрашувачки, но бегањето од тоа го спречува напредокот на човекот. Исто така, некои промени се неминовни и од нив не можете да побегнете, а колку подолго чекате станува се потешко.
4. Не се концентрираат на работите кои не можат да ги контролираат
Потребата да се контролира се околу себе е веројатно дговор на анксиозноста. Доколку го тргнете својот фокус од работите кои не можете да ги контролирате, ќе живеете о помал стрес, ќе бидете посреќни, ќе имате подобри меѓучовечки односи, ќе бидете поуспешни и ќе ви се отворат нови можности.
5. Не се грижат како да ги задоволат сите личности во нивното опкружување
Многу луѓе се замараат со тоа што другите мислат за нив, а тоа е во спротивност со менталната сила. Обидите да се задоволт сите е само губење време. Мора да бидете свесни дека не можете да им угодите на сите, а ако е некој поради тоа разочаран и лут – тоа е негов проблем. Луѓето кои им удоволуваат на сите, всушност дозволуваат другите да манипулираат со нив. Луѓето кои не се замараат да им угодат на сите околу нив, се луѓе со самодоверба.
6. Не се плашат да ризикуваат
Луѓето често се плашат да ризикуваат, без рзлика дали станува збор за финансии, или пак физички, емоционално, социјално или на деловно поле. недостатокот на познавање на начинот како да се птресмета ризикот доведува до зголемување на стравот. За да станете свесни за нивото на ризикот поставете си ги следниве прашања:
- Колкави се потенцијалните трошоци?
- Кои се потенцијалните предности?
- Како тоа ќе ми помогне во остварување на мојата цел?
- Кои се алтернативите?
- Кое е најдоброто сценарио?
- Која е најлошата работа што може да се случи?
- Како може да се намали ризикот од случување на најлошото?
- Колку ќе ви биде важна оваа одлука за пет години?
7. Не живеат во минатото
Минатото е минато и на него веќе не може да се влијае, освен да се извлече поука од него за да не се повторат истите грешки. Луѓето кои константно живеат во минатото всушност самите себе се спречуваат да уживаат во сегашноста. Живеејќи во минатото може само да доведе до депресија.
8. Тие не ги прават истите грешки повеќе пати
Ти добро анализираат каде и како погрешиле и нема да дозволат тоа да им се повтори. Важно е да се биде свесен за причината кога нешто ќе тргне наопаку и што можело да се направи подобро. Ментално силните луѓе ги прифаќаат своите грешки и извлекуваат поука од нив.
9. Не се лути поради туѓиот успех
Не се ни љубоморни. Всушност, не се оптеретуваат со туѓите успеси и неуспеси, бидејќи се фокусираат на своите. Дури и доколку станете успешни ако се концентрирате на нечиј успех нема да бидете никогаш потполно задоволни од она што сте го постигнале.
10. Не се откажуваат по првиот неуспех
Успехот не е моментален, а неуспехот речиси секогаш е препрека која ќе морате да ја совладате на патот до успехот. Луѓето кои мислат дека неуспехот е неприфатлив всушност не се доволно добри и немаат доволно ментален капацитет и сила за успех. Доколку не се откажете кога ќе наидете на препрека, туку ја совладате, тоа ќе в охрабри и направи посилни.