Категории

Мермерни индиго јајца, неверојатно атрактивни! (Рецепт за фарбање)

Направете магични индиго јајца и уживајте во нивната убавина! Оваа декорација добива сосема нова димензија на атрактивност, и се прави користејќи техника на ,,water marbling” .

Ви треба:
– Син лак за нокти
– Лажни јајца или варени, изладени на собна температура
– Ракавици
– Стапчиња за мешање
– Решетка за сушење
– Ацетон
– Вода на собна температура

Инструкции:

Чекор еден: Пополнете ¾ од пластичниот садо со вода на собна температура. Ако водата што ја користите не е доволно топла, лакот за нокти што ќе го ставите во неа ќе падне на дното.

Додадете неколку капки лак за нокти, со повеќе капки се добива поинтензивна боја. Бидете сигурни дека ќе го направите тоа брзо, бидејќи на овој начин лакот лесно се суши и кондензира.

Чекор два: Лесно измешајте ја водата со стапче за да се создаде изглед на мермер .

Чекор три: Потопете го јајцето во водата и полека движете го низ местото каде што е бојата. За овој дел од проектот мора да користите ракавици бидејќи во спротивно ќе имате многу проблеми да го отстраните целиот лак што ќе се залепи за вашите раце.

Чекор четири: Исушете ги јајцата. Со пена направете места за сушење.

Може  да користите било каква боја лак за нокти, со што ќе имате неограничени можности.

Прегледи:
665
Објавено на:
05.04.2018