Категории

Мешањето на различни видови на месо во оброкот, го оштетува дигестивниот тракт

Во речиси сите ресторани низ светот воопшто не е невообичаено да ви сервираат различни видови на месо во чинијата. Без разлика која е комбинацијата на видовите на месо, консумирањето различни видови на месо во еден оброк предизвикува проблеми при варењето. 

Нутриционистите тоа го објаснуваат на овој начин: „Рибата се вари во дигестивниот систем за триесет минути, пилешкото за час и половина до два часа, а за да се свари црвеното месо (говедско, јагнешко и свинско), потребни се и до пет часа.“ Тоа е така затоа што црвеното месо е богато со протеини и во споредба со рибата и пилешкото, потребна е поголема количина на стомачна киселина и на ензим од страна на панкреасот за оптимално варење.

Консумацијата на различни видови на месо е во ред доколку ги јадете во одделни оброци во денот, но претставува вистинска катастрофа доколку ги јадете во еден оброк.

„Кога телото произведува киселина за да го свари црвеното месо, може да дојде до потешкотии (болки во желудникот, стомачни болки и подуеност).

Ова не значи дека треба да го отстраните месото од вашите оброци – само разграничете ги во посебни оброците (доколку се одлучите за црвено месо, тогаш јадете говедско, јагнешко или свинско, истото важи и доколку се одлучите за риба, или пак пилешко).

Прегледи:
717
Објавено на:
06.03.2018