Вечерва стартува 26 издание на Лига на шампионите, најсилното и најпочитувано клупско натпреварување на светот.
Титулата првак на стариот континент ја брани „Реал“ од Мадрид, кој минатата година го одбрани насловот и така направи нешто што никому во историјата на Лига на шампионите, која во овој формат се игра од 1993 година, не му успеало.
Дербито од првото коло ќе се игра вечерва на Камп Ноу помеѓу Барселона и Јувентус (група Д) а ќе биде интересно и во Рим, каде Рома ќе го дочека Атлетико Мадрид (група Ц). Средата е резервирана за двобојот помеѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд (група Х) како и средбата на Ливерпул и Севиља на легендарниот Енфилд (група Е).
Не се сомневаме дека Лига на шампионите и оваа година ќе понуди спекаткл, самото отворање ќе биде повеќе од величествено. Како што рековме, на Камп Ноу во вторник навечер ќе играат великаните на светскиот фудбал, Барселона и Јувентус, а тоа ќе биде и двобој на финалистите од 2015 година. Тогаш Каталонците биле подобри, а Старата дама им се осветила минатата година во четирифинлето.
Додека се подготвува за стартот на Лигата на шампионите и првиот меч го игра со Јувентус на социјалните мрежи се појави интересно видео на кое Меси свири клавир.